
Азија (Асирски збор „Асу„ - изгрев на Сонце) се наоѓа скоро целосно на северната хемисфера, освен островскиот дел на Малајскиот Архипелаг, кој се спушта за 10 степени во јужната хемисфера. Крајните точки на копнениот дел на Азија на север достигаат до р'тот Чељускин на полуостровот Тајмир, на југ до р'тот Буру, на Малајскиот Полуостров, на исток до р'тот Дешнев на Чукотскиот полуостров и на запад до р'тот Баба на полуостровот Мала Азија. Меѓутоа ако се земе и островскиот дел на Азија, тогаш најсеверната точка се наоѓа на островот severna zemja(81 СГШ), а најјужната на островот Роти (11 ЈГД) кој се наоѓа во групата на малите сундски острови.
No comments:
Post a Comment